Актерот Џереми Ренер е во „критична, но стабилна состојба“ во болница во Рено, откако се повреди во инцидент со чистење снег, објави филијалата на Си-Ен-Ен цитирајќи го портпаролот на Ренер.
Службите реагирале за „трауматска повреда“ во областа на автопатот планината Роуз во Рено, Невада.
Потоа бил организиран медицински транспорт на Ренер со хеликоптер до локалната болница, се вели во соопштението.
Канцеларијата на шерифот не дала детали за степенот на повредите на Ренер или што може да ја предизвикало несреќата.
Ренер, кој глуми во серијата на „Парамаунт+“ „Градоначалник на Кингстаун“ и е дел од неколку филмови на Марвел, била единствената личност вклучена во инцидентот, се наведува во соопштението.
index.hr