Ревијален хуманитарен натпревар – Актуелните репрезентативци ги победија ветераните

0
289

Ракометот уште еднаш покажа дека е спорт број еден во Македонија, откако на ревијален хуманитарен натпревар до последно место беше исполнета салата „Борис Трајковски“, во дуелот на најдобрата репрезентација и селекцијата на ветерани кој понуди бројни моменти за уживање. Резултатот воопшто не беше во преден план, бидејќи победи спортот и цела Македонија,поради сплотеноста што ј покажаа сегашната со оние претходни генерации македонски ракометари, во меч што долго ќе се памети по позитивната енергија на теренот и на трибините на скопската арена.
Инаку актуелната репрезентација на Македонија е победник на ракометниот спектакл со 25-21.

Момците кои ќе не претставуваат на Светското првенство во Полска и во Шведска овој месец, покажаа дека иднината останува на нив, но традицијата и наследството кои ги оставија нивните противници секогаш ќе биде белег на нашиот репрезентативен ракомет.

Сите приходи од овој хуманитарен натпревар ќе бидат донирани на СОС Детско Село, како хуманитарен аспект на овој спортски спектак.