Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Штип – Радовиш, Штип – Неготино и Тетово – Скопје, од 50 – 100м. на патните правци Кочани – Виница, Скопје – Куманово и клучка Хиподром – обиколница Скопје, од 100 – 150м. на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес, Градско – Неготино и М.Брод – Кичево и до 100м. на планинскиот превој Плетвар.
ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.