РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот кој на 27.09.2022 година излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино. Од 09.00 часот на терен се и извршуваат копнена претрага 50 војници од Касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ од Тетово, девет (9) припадници од армиската специјална единица „Волци“ со нуркачки тим, осум 😎вработени во Територјалната противпожарна единица ТППЕ Тетово, два (2) вработени од ДЗС Тетово, осум (😎 вработени од Дирекцината за заштита и спасување ДЗС Куманово, а се очекува да се приклучат и двајца (2) нуркачи од ДЗС. Присутни се и полициски службеници од ПС Групчин и ПС Јегуновце, два (2) од РЦУК Тетово, а исто така помагаат и доброволци од месното население. Од страна на граѓани се обезбедени и пет (5) дрона за воздушно набљудување, но поради дождот истите моментално не дејствуваат и се чека да се создадат услови за и тие да се вклучат во потрагата. Состојбата се следи и ако има нови моменти ќе информираме.

 

ЦУК