Mаж тешко повреден по удар од автомобил

0
209

Синоќа, во 20.35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Ласкарци – с. Буковиќ, Скопско, патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Џ. (22) од с. Паничари, Скопско, удрило во З. М. (47) од с. Ласкарци.

Во несреќата З. М. добил тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

makfax.mk