Ракометарките на Македонија ја победија Ангола и се пласираа меѓу 16-те најдобри во светот

0
63

Македонките синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ ја совладаа Ангола со 28:24.

Нашата репрезентација групната фаза ја заврши со две победи и еден пораз и се пласира на 2. место во Х-групата.

Покрај Македонија, пласман во осминафиналето оствари и Исланд со максимални три победи.

Во Главната групна фаза, македонските ракометарки ќе играат со Португалија и против Црна Гора.

 

denesen.mk