Од вечерва силно невреме ќе ја зафати Македонија

0
45

Под влијание на веќе споменатиот висински циклонски систем кој се разви над Средоземјето, денес 23.6.2024 во попладневните и во вечерните часови атмосферата во Македонија значително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во атмосферата, токму поради повеќе дневниот екстремно топол бран од Африка кој ја зафати Македонија, локално и на повеќе места процесите ќе бидат многу интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на крупен град. И во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на посилно невреме.

Апелираме во случај на појава на силно невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат.

Температурите до крајот на денов остануваат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, во Скопје до околу 37 степени, пишува во новата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk