Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб.
Видео од чинот е објавено на социјалните мрежи од извесен Изет Шулку кој се претставува како албански државјанин.
„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Шулку на својот фејсбук-профил и го објави видеото.
Настанот се случил пред два дена, а на видеото може да се забележи дека Шулку кој го отстранува македонското знаме, е придружуван од уште неколку други лица…