Кривична пријава за мајка – на родителска и се заканила на наставничката

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Е.(39) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Како што соопштуваат од МВР, на 13.11.2023 во основно училиште во Берово, за време на одржување на родителска средба, пријавената упатила закани на наставничката.

извор: МВР