(ФОТО) Убиецот од Загреб, Горан Кнежевиќ

0
317

Полицијата на ЗАГРЕБ соопшти за тешко убиство на дете (1,5) и напад на жена во Загреб што се случи вчера околу 20:30 часот во областа Пешченица. Во соопштението полицијата наведува дека првата пријава која се однесувала на семејно насилство ја добила во 20 часот и 26 минути, а во следните 12 минути добила повеќе повици.

 

Првиот повик го упатила жена, 42-годишна жртва, која пријавила злоупотреба од нејзиниот поранешен сопруг, најверојатно алкохоличар, 43 години. После тоа имало уште два повици, еден за тепачка на пат, а потоа и за повреди со секира, додава загрепската полиција.

Синоќа во Загреб на патот Козари дошло до крвопролевање во кое 43-годишниот Горан Кнежевиќ со секира ги нападнал поранешната сопруга и едно иполгодишното дете. Од нападот девојчето починало во болница во Загреб, додека нејзината мајка има тешки физички повреди.

 

По нападот Кнежевиќ побегнал, а набргу потоа настрадал во сообраќајна несреќа на обиколницата во Загреб. На него налетал автомобил и го усмртил на лице место. Дознаваме дека Горан Кнежевиќ и претходно и бил познат на полицијата поради неговото проблематично однесување и грабежите, поради што бил во затвор.

index.hr