ВРЕМЕПЛОВ – Настани на денешен ден, 6 јануари

1392 Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад.

1838 Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот – електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон – Балтимор.

1896 Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер.

1916 На Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ.

1945 Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.

1992 По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија