Ковачевски и Зечевиќ се плашат од избори, бегаат зошто го штитат криминалот и тендерите, но не демантираат дека пратениците им бараат избори, велат од ВМРО ДПМНЕ

Ковачевски и Зечевиќ се плашат од избори, бегаат зошто го штитат криминалот и тендерите, но не демантираат дека пратениците им бараат избори.

Ковачевски и Зечевиќ бегаат од избори, така ги штитат тендерите и броилата за профити, се повеќе пратеници од СДС се свесни дека изборите се решение. Ковачевски и Зечевиќ знаат дека во СДС повеќе се за избори, зошто не гледаат излез во нивните политики кои ја донесоа Македонија во ќорсокак, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

СДС не демантираше дека пратениците бараат избори, зошто нема што да се демантира се е вистина.

Ковачевски и Зечевиќ се осамени, тие си ги штитат своите кариери, зошто знаат дека народот нема да ги избере на избори, а потоа ќе треба и да одговараат.

Ковачевски бега од избори и за да може неговиот кум и фирмите од неговото потесно семејство уште некој месец да се шират низ Македонија.

Ковачевски и Зечевиќ од себични, лични и профитерски причини бегаат од избори. Македонија е заложник на нивните кариери и на нивните газди од Зајас и Струмица.

извор: ВМРО ДПМНЕ