Мицкоски: Да се погрижиме и да си споменеме за луѓето кои се вистинските борци низ животот

0
168

Поддршка, малку помош и добар разговор со луѓето кои заслужуваат и на кои тоа им значи. Денес во посета на семејства во Центар, Карпош и Чаир. Коледе и Божиќ се празници на љубов, верба, но и хуманост. Да се погрижиме и да си споменеме за луѓето кои се вистинските борци низ животот, и за кои заедно сите ние ќе придонесеме многу повеќе. Среќни празници! – објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако денеска посети неколку семејства на кои им подели пакети за празниците.

извор: ФБ Христијан Мицкоски