Рама во Тирана ќе ги собере лидерите на албанските партии од Македонија?

Албанскиот премиер Еди Рама ги поканил лидерите на албанските политичките партии во Македонија на неформална средба во Тирана. Средбата ќе се одржи во вторник на 10 јануари, јавува албанската новинска агенција Журнал.

Ахмети, Таравари, Касами, Гаши и Тачи ја прифатиле поканата, пишува албанската агенција.

Според медиумите, на средбата ќе се разговара за политичките состојби во Република Северна Македонија и други прашања што се однесуваат на Балканската политичка сцена.

фото: Архива