Во полиција било пријавенодека во село Добридол, гостиварско, на паркинг од заталкано зрно од огнено оружје биле оштетени две патнички возила: „масерати“ со хрватски национални ознаки, сопственост на правно лице, паркирано од А.М.(26) од село Добридол и „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.(28) од истото село.
Повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот.
republika.mk