Денес нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за новите цени на горивата.

Новата година почна со поскапување на горивата, а дали така ќе продолжи и денеска ќе биде познато околу пладне.

Минатата недела РКЕ одлучи за 1,50 денари да се зголемат цените на на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,00 ден/лит.