Дејановски за ТВ 24: Минималната плата треба да биде 26 000 денари

0
278

Трпе Дејановски од Синкатот на УПОЗ во емисијата 24 Отворено рече дека моменталната вредноста на потрошувачката кошничка е 51 234 денари. Од направените пресметки минималната плата во месец во март треба да се зголеми за 2700 денари.

– Според пресметките неофицијални од Министерството за финансии таа ќе порасне за 1800 денари. Кај нас најсоновните производи се во минималната кошничка и не влегуваат тука луксузните производи. Имаме торшоци за исхрана, пијалоци и домување. И да порасне минималната плата, две минимални не ја стигаат синдикалната минимална комшница. Минималната плата треба да биде 26 000 денари, за да може едно четиричлено семејство без автомобил да го издржи месецот. – вели Дејановски.

извор: ТВ 24