Адвокатот на екс директорот на Царина, Драган Даравелски, денеска во скопскиот Кривичен суд достави барање за повторно судење на неговиот клиент. Како образложение тој навел дека во првата постапка во која тој е осуден на 7 години затвор му се судело во отсуство, објави VOA Глас на Америка.
Дали ќе има повторно судење одлучува Кривичениот совет во скопскиот Кривичен суд кој треба да побара податоци од затворот „Идризово“ и мислење од Основното јавно обвинителство.
Доколку има повторно судење Даравелски ќе биде ослободен од вина бидејќи настапи застарување на кривично гонење, односно делото е сторено пред повеќе од 20 години.
Драган Даравелски по 20 години во бегство вчера се појави на граничниот премин „Табановце“ каде бепше уапсен и спроведен во затворот Идризово.
извор: VOA Глас на Америка