Цементарница „Титан Усје“ ќе мора да плати казна која според законот за животна средина изнесува од 180.000 до 200.000 евра и наместо мазут да користи гас за загревање на деловните простории, во спротивно фабриката нема да може повеќе да работи и ќе заврши на суд. Ова во изјава за Канал 5 го вели Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски кој појаснува дека конечната сума на казната за „Усје“ може да биде помала од законски предвидената, а ќе зависи од спогодбата на комисија надлежна за ваквите постапки, која е при Министерството за животна средина. Испекторатот од вонредните проверки констатирал дека котлите на цементарница го загадувале воздухот со азотни оксиди, но загадување над дозволените параметри немало од оџаците на печките за производство.
„Изречен е прекршок од трета категорија кој за големите субјекти изнесува од 180000 до 200.000 евра во денарска противредност. Прекршокот се однесува на емисии, супстанци кои се определени во еколошката дозвола од А категорија кои не се испуштаат со определените гранични вредности во дозволата. Согласно прекршокот од трета категорија предвидена е казна од 10.000 евра во денарска противредност и за управителот. Започнавме постапка за спогодба која е доставена до цементарницата, па сега тие имаат рок од два дена да се изјаснат.
Од државниот инспекторат велат и дека на 26 и 27 декември лани се направило мерење од страна на градските инспектори надвор од кругот на фабриката, на 300 метри воздушна линија од неа, за кое не може да се тврди дека дава показатели исклучиво за загадувањето од цементарницата.
Текстот во целост на: Канал 5
фото: Канал 5