Само во округот Аутага, Алабама, околу 40 милји североисточно од Селма, седум лица загинаа откако торнадото пресече патека долга 20 милји и уништи десетици домови, објави АП.
Директорот на округот за итни случаи, Ерни Багет, вели дека најмалку 12 луѓе биле толку тешко повредени што морале да бидат пренесени во болница со брза помош.
Тој додаде дека екипите сечеле дрвја во четвртокот навечер за да бараат повеќе луѓе на кои им била потребна помош и дека околу 40 домови биле уништени или сериозно оштетени, вклучително и неколку мобилни куќи кои биле разнесени.
Вчера гувернерот прогласи вонредна состојба во шесте области на Алабама кои беа најтешко погодени од невремето.
vesnik.com