ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 14 јануари

1914 Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.

1969 Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.

1994 Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европскиот фудбалски сојуз.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија