ВРЕМЕПЛОВ -Настани н денешен ден, 15 јануари

1945 Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, со тоа основајќи ја денешната ветеринарна служба во Македонија.

1945 Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова претставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.

1992 Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија.

1992 Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија