Брод со 600 тони песок удрил во куќи на левиот брег на реката Сава, кај капетанот биле измерени 2,5 промили алкохол

Во белградската населба Остружница, на реката Сава, во текот на ноќта се случи несреќа кога брод со 600 тони песок удри и оштети неколку кампинг куќи на левиот брег на реката.

Несреќата се случила околу 19 часот и 40 минути, пишува нова.рс.

Веднаш била повикана полиција и надлежни за речна пловидба, а потоа било утврдено дека за среќа нема повредени, но дека е причинета материјална штета.

Според Нова.рс, оштетени се три сплавови.

Утврдено е и дека капетанот на бродот имал алкохол во крвта од 2,5 промили, а морнарот 1,9 промили. Исто така, во истрагата е забележано дека моторот не работи и дека сидрото е неисправно.

Истрагата се уште е во тек.

извор: nova.rs