Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза!
Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДС! И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Ова е таа фотографија!
Со оглед на оваа фотографија и оваа порака, Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? Дали е ова цената за враќањето на докажано поткуплив службеник на работа и неговото поставување на позицијата во затворската полиција? И последно, но можеби најважно, зошто, кои се мотивите за вакво организирано бегство во веројатен дослух со член на СДС верен како што вели „со шефот до крај“? Дали бегството е договорено со СДС?
Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец којшто нема конекција со СДС, системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и Правда. Во затвор остануваат и отслужуваат казна само оние коишто не се во дослух со СДС и владејачката коалиција на криминалот и корупцијата!
Само избори се излез од оваа состојба во која што не втурна СДС.
извор: ВМРО ДПМНЕ