Од вечерва по полноќ поскапуваат нафтените деривати – бензинот од 95 октани за 1 денар за литар, бензинот од 98 октани за 1,5 денари, дизелот за 1 денар, а нафтата за домаќинствата за 1,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,176 денари за килограм.
По полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,459 (денари/килограм)
фото: Архива