Лиза Мари Присли ќе биде погребана до нејзиниот татко Елвис и починатиот син

Лиза Мари Присли, која почина од срцев удар минатата недела, ќе биде погребана во Грејсленд, покрај својот татко Елвис и синот Бенџамин, кој се самоуби во 2020 година. На денот на погребот, ќе се одржи јавна миса.

„Рајли, Харпер, Финли и Присила се благодарни на сите за поддршката, добрите желби и љубовта што ги добиваат деновиве во име на нивната сакана Лиза Мари. Јавната комеморација ќе се одржи во Грејсленд, недела, 22 јануари во 9:00 часот“, рекол претставник на семејството за магазинот „Пипл“.

Во гробницата во Грејсленд, освен Елвис и Бенџами, погребани се и родителите и бабата и дедото на Елвис.

Лиза Мари почина од срцев удар на 54 години. Зад себе ги остави близнаците Финли и Харпер и постарата ќерка Рајли, но и нејзината мајка Присила Присли, која прва ја потврди смртта на музичарката. Таа се мажеше и разведуваше четири пати. Иако долго време се криеше од јавноста, два дена пред да почине беше на догелувањето на наградите Златен глобус, за да го поддржи Остин Батлер, кој го глумеше Елвис во биографскиот филм на кралот на рокенролот.

 

info.mk