(ВИДЕО) Лепа Брена на 62 години без шминка, сеуште изгледа убаво !

0
232

Една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Фахрета Јахиќ Живојиновиќ, попозната како Лепа Брена, пред два месеци го прослави својот 62 роденден.

Родена е во Тузла, а пораснала во Брчко. За време на студиите се преселила во Белград, каде ја започнала својата музичка и актерска кариера.

Кариерата ја започнала во 1981 година во една од најпопуларните емисии во тоа време, чиј уредник беше денес покојниот српски водител Минимакс.

Во 1991 година се омажи за српскиот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, со кој има два сина Стефан и Виктор, додека Филип е син на Слободан од првиот брак.

Неодамна на својот Инстаграм профил, Брена објави видео кое е снимено пред 3 години, за време на пандемијата на Ковид-19, кога многу пејачи објавија на социјалните мрежи видеа во кои пеат, порачувајќи им на сите да се грижат за себе и за своето здравје.

Во овој спот Брена – која покажува како изгледа без шминка – ги охрабрува своите фанови со две популарни песни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

espresso.mk