На Токсикологија почина 51-годишен затвореник

0
267

51-годишен затвореник од затворот „Идризово“, кој бил пренесен на скопската Клиника за токсикологија, вчера починал, соопшти МВР.

На 17.01.2023 околу 05.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Клиника за токсикологија – Скопје починал Г.С.(51) од Велес, осуденик од Казнено-поправната установа Идризово, кој кај нив бил донесен претходниот ден. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, се вели во полициското соопштение.

За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото било предадено на обдукција.

извор: МВР