1419 Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија.
1806 Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж.
1853 Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим.
1861 Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД.
1899 Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет.
1915 Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето.
1945 Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900.
1966 Индира Ганди станала премиер на Индија.
1969 Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на Вацлавскиот плоштад во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет.