(ВИДЕО) Ласерска технологија за контролирање громови

Од денот кога Бенџамен Френклин го подигнал својот змеј среде невреме единствената заштита од молња до денес се громобраните, кои се коиртста за безбедно насочување на ударот во земја. Сепак, нивниот мал досег (кој е отприлика со ист радиус како нивната висина) и фиксираниот дизајн ги прават неефикасни во заштитата на поголеми површини.

Сега истражувачи од Универзитетот на Женева успешно тестираа нов систем кој користи ласерски импулси на ниво на теравати за насочување на громовите. Системот не е ограничен со својата физичка висина и може да покрие многу поширока површина додека помине низ облаците и маглата.

Неговиот дизајн ги јонизира молекулите на водородот и исклородот, ги ослободува електроните и создава плазма која спроведува електрицитет. Бидејќи ласерот испушта многу брзи 1.000 импулси во секунда, многу е поверојатно дека ќе ја пресретне молњата додека се создава. За време на тестирањето од јуни до септември 2021 година молњата го следела воздухот речиси 60 метри пред да ја погоди шипката која ја користеле при тестирањето.

Истражувачите веќе со години тестираат ласерски водичи на молњи, но експериментите вообичаено биле ограничени на многу пократко растојание и релативно бавни импулси, кои веројатно го пропуштале громот додека се создавал.

Д-р Аурелиен Хауард, кој помогнал во проектот, вели дека овој ласер исфрла 100 пати повеќе импулси во секунда отколку во претходните обиди, како што можете да видите од видеото во прилог.

Веројатно ќе помине доста време пред ваквите ласери да почнат да се користат во реалниот свет затоа што, меѓу другото, истражувачите треба значително да го зголемат досегот до точка каде стап од 10 метри би имал ефективна поркивност од 500 метри.

Ако научниците успеат во тоа, откритието би можело да ја направи ласерската заштита од громови одржлива на поголеми површини. Ова особено би било корисно за заштита на лансирните рампи за ракети, каде што ударите од гром може да ја одложат мисијата ако се преблиску до траекторијата на летот.

 

inovativnost.mk