Снежно невреме во Европа, најкритично во Полска и Чешка

Обилниот снег во саботата предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во Чешка, Полска и Словачка. Во чешкиот град Хертвиковице загина мотоциклист кога врз него паднало дрво на селски пат, објави агенцијата ЧТК.

Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков, на 70-годишна жена останала без кислород и поради тоа починала. Противпожарното возило кое требало да и достави ново боца со кислород поради снег излетало од патот и не стигнало навреме, соопшти ПАП.

Во Полска 100.000 домаќинства останаа без струја поради снежното невреме.

Слично е и во Словачка, каде што илјадници домаќинства беа отсечени поради снежните напади. Полицијата извести за голем број сообраќајни несреќи во таа земја предизвикани од лошите временски услови.

фото:

The Storiest