Почина легендата на македонскиот бокс и основач на „Златниот гонг“, Живко Дуковски кој како тренер имаше многу државни шампиони во сите конкуренции.
А како пренесува Боксерскиот Клуб „Скопје“, асови кои профилирале под негово раководство се: Самоиловски, Неџат Мемети, Руждија Калач, Азиз Салуху, Реџепагиќ, Василев и ред други боксери.
Беше неуморен боксерски работник, селектор на македонската селекција и еден од најуспешните тренери на државните првенства, претседател на БФМ. Едно време соработуваше и со Аце Русевски и Реџеп Реџеповски кои освоија бронзени медали на Олимпијадите.
Како претседател на БК Скопје, заедно со Руждија Калач, подготвија цела плејада на боксери, меѓу нив и Примислав Димовски и Вели Мумин.
Дуковски беше избран меѓу 10 најуспешни тренери на векот во Македонија, член на Македонскиот олимписки комитет, а доби и големо признаие од ЕАБА, станувајќи член на Техничката комсија, како единствен наш претставник. Живко Дуковски беше доајен на македонскиот бокс.