На граничниот премин со Србија, на излез од соседната држава, денеска починал 60-годишен македонски државјанин, потврдија за „Новости.рс“ од српското обвинителство.
Се наведува дека Македонецот одел до контролната кабина на преминот кога ненадејно паднал.
Судскиот лекар потврдил дека мажот починал од срцев удар.
извор:„Новости.рс“