ОЈО Куманово поднесе обвинение против Максим Димитриевски, според него станува збор за политички реваншизам

Обвинение за злоупотреба на службена положба и овластувања е поднесено до градоначалникот на Куманово и актуелен кандидат за претседател Максим Димитриевски.

Имено Кумановскиот обвинител, Иса Сулејмани поднел обвинителен предлог по кривичната пријава на две кумановски фирми дека не им издава градежна дозвола за изградба на висококатница и покрај тоа што, адвокатскиот тим на Димитриевски барал тој да биде изземен поради пристрасност и селективно постапување во предистражната постапка.

Сепак според Димитриевски постоело стручно мислење од експерти за случајот, кое обвинителот не го земал предвид, обвинува за политички прогон од страна на власта.

Фирмите пак „Делукс ауто“ и „Хромак“ велат дека претрпеле штета од 55.000 евра, затоа што не им издал решение за наплата на комуналии за објектот. Обвинуваат дека не Димитриевски не го почитувал законот за градење како и одлуките на уставниот суд. За обвинувањето од куманосвкиот градоначалник дека биле спонзори на партијата на власт, тврдат дека е сосема спротивното, односно дека порано добивале повеќе тендери а со оваа власт само еден.

извор: ТВ 24