(ВИДЕО) Милошоски до Ковачевски: Кои се лицата кои се разгледувале на Советот за Национална безбедност за прогласување на персона нон грата и како го коментирате повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија?

0
103

Во последните денови гледаме дека ескалираат односите помеѓу Бугарија и Македонија. За жал страната која што е оштетена во оваа ескалација е Република Македонија, чувствата на граѓаните но и европската перспектива на државата. Затоа моето прво прашање до претседателот на владата е поврзано со заседанието на советот за национална безбедност кај претседателот Пендаровски на кое што се разговараше и разгледуваше оваа тема македонско-бугарските односи, вели Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница и го праша Ковачевски кои се лицата кои што ги разгледувале на советот на Национална безбедност за прогласување на персона нон грата бидејќи не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци.

Првото прашање е поврзано со членот 11 од Законот за странци односно дали владата согласно членот 11 ја разгледувала препораката за прогласување на персона нон грата на неколку државјани на Бугарија вклучително и на еден пратеник за кој што има основа да се тврди дека не ги исполнуваат критериумите за зачувување на јавниот поредок во Република Македонија, нивното делување е спротивно националната безбедност а исто така ги загрозува и македонските меѓународни односи. И прашањето е дали и кога ќе се разгледува ова прашање и кои лица до сега сте ги имале во предвид како лица кои што претставуваат ризик и не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци.

Второто прашање се однесуваше за повлекување на бугарскиот амбасадор од Македонија, за кој што како што рече Милошоски е чин на спуштање на дипломатските односи меѓу двете држави и го праша Ковачевски кој е неговиот став по однос на овие случувања.

Второто прашање е до Ковачевски за повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија. само за вовед да кажам дека повлекување на амбасадор од една соседна држава е чин на спуштање на дипломатските односи. Исто така повлекување на амбасадорот претставува на некој начин и потценување на државата-домаќин, бидејќи се спушта на нивото на комуникација. Прашањето до премиерот е кој е вашиот став и како гледате на овој развој на настаните? Како го оценувате овој потег на повлекување на нивниот амбасадор при што соседната држава Бугарија тврди дека тоа го прави во знак на незадоволство од односот на институциите во Македонија кон Република Македонија, изјави Милошоски.

Пратеникот Милошоски го праша министерот за правда Тупанчевски за кој член на владата или претставник мислел кога изјавил дека избрзал со давање на изјавата за инцидентот во Охрид.

И третото прашање е до министерот за правда Тупанчевски. Вчера на една дебатна емисија поврзано со инцидентот во Скопје, вашата изјава беше дека сметате дека некои претставници на власта избрзале по давање на изјави дека се работи за завршен случај. Она што можеше да се извлече како заклучок е дека овој ваш коментар се однесува на изјавите на вашиот колега министерот за надворешни работи. Но, јас би сакал за да не одиме на заклучоци на дадената изјава, да ве прашам конкретно на кои претставници на власта и дали се работи за членови на владата, дали мислевте на министерот Бујар Османи или некој друг дека избрале при давањето на изјави за случајот во Охрид, за кој вие сметате дека се уште не е завршен, го праша Милошоски, Тупанчевски.

извор: ВМРО ДПМНЕ