Секој ден етиопски православен свештеник треба да пешачи два часа а потоа да се искачи на опасна карпа за да стигне до црквата Абуна, издлабена во камен.
Црквата се наоѓа на северот на Етиопија и е врежана во карпа а сводовите се прекриени со прекрасни фрески. Бидејќи се наоѓа на надморска височина од 2580м , се смета за една од „најопасните“ цркви во светот до неа може да стигне само пеш и бос. Еден дел од 10 метри е скоро целосно вертикален.
Изградена е од Абуна Атемата , еден од деветте етиопски светци кои дошле во Етиопија од Сирија или Европа за да го шират христијанството во 5 век. И додека некои тврдат дека ја избрал оваа локација а да ја приближи црквата до небото, други веруваат дека сакал да се скрие од можните непријатели.
Еден од свештениците на кои им е доверена задачата да одат на таква смела мисија секој ден е Халеселарије Касеј која своевремено опиша како изгледа да се искачуваш до црквата.
-Не се плашам додека се качувам , затоа што тоа го правам секој ден. Тоа е многу тешко, но изводливо. Се будам многу рано, секое утро. Потоа работам дома до 6 часот наутро, па се упатувам кон Абуни Јамати . Кога ја напуштам куќата , многу сум среќен што одам таму, срцето ми е исполнето, вели свештеникот.
Моштите на многу светци и денес се во црквата. Никој од посетителите не паднал или се повредил додека се качувал кон црквата.
thenewsgo.com