Безживотно тело извлечено од водите на Вардар

На 28.01.2023 околу 12.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.

 

tv21