Авион Ф-4 фантом на грчката воена морнарица, утрово паднал во Јонското море, а во тек е потрага по двајцата пилоти, објавија грчките медиуми.
Според новинската агенција АНА-МПА, авионот што полетал во 10.15 часот утрово од градот Андравида во северозападниот дел на Пелопонез, се урнал во морето за време на едукативен лет.