Philips отпушта 6.000 вработени

Холандската компанија Philips ќе отпушти околу 6.000 лица, што е 8% од вкупниот број вработени, поради непредвидени трошоци кои произлегуваат од повлекувањето од пазарот на медицинско помагало за лекување на проблеми со спиењето.

Според Блумберг, половина од планираните отпуштања ќе бидат спроведени оваа година.

Извршниот директор на компанијата Рој Џејкобс рече дека тоа е значајна мерка што мора да се преземе поради зголемените трошоци на компанијата.

 

MIA