На 30.01.2023 во 03.40 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 30 Годишен жител од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред со викање и упатил закани кон три лица сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид