(ВИДЕО) Грбав кит се насука на брегот на Њујорк

Неодамна се насука и грбав кит од 7,6 метри на брегот на американската сојузна држава Њујорк. Научниците сè уште не знаат што го предизвикало тоа.

“Тоа е машки грбав кит. Ова е прв таков случај на оваа област во последните пет години. Ова е најголемото насукање на кит на овие брегови во повеќе од една деценија”, рекол Дон Клавим од градот Хемпстед, како што пренесува Би-Би-Си.

Експертите наведуваат дека засега не ја гледаат причината за ваквите инциденти, а локални активисти и научници се обидуваат да ја откријат како дошло до проблемот. Некои сметаат дека вината за насукувањето на китовите е поставувањето на ветерни електрани долж брегот, но локалните власти наведуваат дека нема докази за такво нешто.

„Засега не гледаме ништо што би можело да им наштети на китовите“, рече Синди Зиф, директорка на „Clean Ocean Action“.

 

kanal5.com