Земјотрес со јачина од 6,1 степен се случи на Филипините

0
187

Земјотрес со јачина од 6,1 степен се случи во југоисточниот дел на Филипините, пренесува „Анадолу“.

Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипините.

Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од подрачјето на Њу Батан во крајбрежниот град Давао де Оро.

Се истакнува дека земјотресот со јачина од 6,1 степен се случил на длабочина од 11 километри.

Земјотресот бил почувствуван во неколку града во јужниот дел на земјата.

Надлежните упатија предупредување дека се очекуваат последователни потреси по земјотресот.

Според соопштението, причините за земјотресот биле тектонските движења.

Не се пријавени жртви или материјална штета како резултат на земјотресот.

извор:Анадолу“.

фото:Анадолу“.