More

    Лишен од слобода 15 годишник, при расправија за девојка избодел со нож друг тинејџер

    Вчера во 14.30 часот во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје.

    Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с.Зелениково, скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар.

    Од него бил одземен ножот, а повредениот М.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана телесна повреда.

    По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     

    republika.mk

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    15.8 ° C
    15.8 °
    15.8 °
    51 %
    0.5kmh
    20 %
    Tue
    16 °
    Wed
    16 °
    Thu
    17 °
    Fri
    19 °
    Sat
    21 °
    spot_imgspot_img