Озџан Дениз е турски актер, пејач, композитор, писател и режисер. Озџан, кој е роден на 19 мај 1972 година, зад себе има неколку забележителни улоги, но тој (пре)често е во центарот на вниманието со приватниот живот.
Така беше и овој пат. Озџан Дениз со својот нов брак ги полни страниците на медиумите во Турција и странство. Денис очигледно верува во љубовта, но и во институцијата брак, па решил повторно да се жени.
Ова е трет брак на овој турски актер. Озџан прво беше во брак со Хандан Дениз. Тој брак најдолго траеше досега, од 1992 до 2003 година, кога се разведоа. После тоа „застана на луда карпа“ со Фејза Актан. Неговиот втор брак траеше една година, од 2018 до 2019 година и го одбележаа не толку убави работи. Од овој втор брак има едно дете, син. Актерот повторно ја побара среќата со Самар Дадгар со која се ожени пред неколку дена. За тоа се зборува и пишува неколку дена, а како доказ се појавија првите слики од свадбената церемонија.
Самар, исто како и неговата поранешна сопруга Фејза, е значително помлад од Озџан. И покрај противењето на неговата мајка Кадрија, која веројатно стравува дека ќе му се случи истото како со Актан, Дениз реши повторно да го каже судбоносното „да“. Двојката беше во врска околу година и пол, пред да решат да ја официјализираат врската со венчавка на приватна церемонија во Зекеријакој.
View this post on Instagram
tvexposed.net