(ВИДЕО) Дејан досега направил бројни засолништа за бездомните кучиња

0
193

Дејан е жител на Србија кој повеќе од 20 години одржува засолниште за кучиња. Во тој период спасил над илјада кучиња, а во моментов повеќе од 100 кучиња живеат во ова засолниште.

Дејан и мајка му Светлана почнале скромно – хранејќи ги бездомните кучиња во селото Чумиќ. Полека почнале да прифаќаат повеќе кучиња и во 1997 го основале засолништето „Вучјак шелтер“.

Откако Светлана починала, Дејан одлучил сам да продолжи да се грижи за кучињата во засолништето. Во 2014 г. Дејан изградил и засолниште за волци.

Засолништата работат со помош на донации од луѓе и организации.

fakulteti.mk