Во текот на претстојното лето феноменот “Ла Ниња” се повеќе ќе добива на сила, а особено таа ќе добие на сила кон крајот на летото, и во текот на есента и зимата 2024/2025.
Токму ова ќе услови ова лето ширум Европа, Балканот, како и во Македонија да има повеќе врнежи од вообичаеното. Се поголеми се шансите да се случат и локални, но големи временски непогоди кои би можеле да нанесат и многу штети. Значи граѓаните да бидат подготвени на се.
Овој метеоролошки феномен ќе ги зголеми шансите и за многу повеќе снег во Македонија во текот на зимата 2024/2025, а токму кога е активна “Ла Ниња” во зимскиот период, тогаш снег врне и во Скопје.
Инаку до сега беше активен метеоролошкиот феномен “Ел Нињо” и тој услови да имаме еден невообичаено топол февруари, па и март. Поладно време имавме и во април, иако и тој беше за некој степен над просекот гледано по температурите. Се на се и зимата 2023/2024 беше со натпросечно високи температури, а речиси и да не видовме снег, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.