(ВИДЕО) Тепачка за ќебапи на попуст во Лидл во Србија

Во супермаркет од познат бренд во Борча, денска дошло до општ хаос, поради ни помалку ни повеќе, туку за ќебапи. Снимката од тепачка на повозрасни граѓани се појави на социјалните мрежи, а на неа се гледа една постара жена која се обидува да земе пакет ќебапи, додека истовремено им брани на другите да земат.

Во хаосот не се гледа кој колку пакети зема, луѓето викаат, се туркаат, а споменатата жена во еден момент со горниот дел од телото „влегла“ во фрижидер, како би ги одбранила своите пакети кои имала намера да ги купи.

Акцијата на ќебапи од свинско и говедско месо се завршува денеска, а цената по килограм изнесува 319.99 динари. Акцијата почнала во четврток 23 март, а се завршува денеска, па поради тоа дошло до општа тепачка и турканица
Тепачка за ќебапи имало и низ другите градови, каде супермаркетот има свои подружници.

видео: YOUTUBE ŽIKA KONZERVA