More

    Австрија донесе одлука за протерување на 4 руски дипломати

    Министерството за надворешни работи на Австрија побара четворица руски дипломати вработени во две различни мисии во земјата, да ја напуштат Австрија поради „нивните акти кои не се во согласност со нивниот статус“, пренесува „Анадолу“.

    Според писменото соопштение на австриското Министерство за надворешни работи, врз основа на одредени членови од Виенскиот договор, двајца руски дипломати вработени во Амбасадата на Русија во Виена се прогласени за персона нон грата.

    Исто така, се наведува дека од руски дипломати вработени во руската мисија во Канцеларијата на ОН во Виена е побарано да ја напуштат земјата со образложение дека „вршеле акти кои не се во согласност со нивниот статус“.

    Според соопштеното, овие дипломати најдоцна до 8 февруари треба да ја напуштат земјата.

    извор:„Анадолу“.

    фото:„Анадолу“.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    15.8 ° C
    15.8 °
    15.8 °
    51 %
    0.5kmh
    20 %
    Tue
    16 °
    Wed
    16 °
    Thu
    17 °
    Fri
    19 °
    Sat
    21 °
    spot_imgspot_img