Целосен хаос во српското собрание следуваше во попладневниот дел од расправата кога пратениците од опозицијата, пред сè, на Двери и Заветник, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Најпрво извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што седел Вучиќ.
A u Skupštini – fajt.
Jadna je moja zemlja šta je doživela. Da je ovakve osobe predstavljaju, da se ovako besmisleno diskutuje, da se 3 pametne rečenice ne mogu čuti u ovoj sali gde je nekad sedeo jedan Ivo Andrić, a danas sede silikonske starlete.
Tužno je sve ovo.#Skupština pic.twitter.com/JbwJSboK9X
— Ana Stevanović Đukić (@StevanovicAna7) February 2, 2023
Во исто време пратениците на СНС станаа и исто така се упатија кон масата на претседавачот. Во оваа турканица, која траеше 15-ина минути, во салата влезе и собраниското обезбедување кое го обиколи и варди претседателот Вучиќ.
Српскиот претседател Вучиќ, кој седеше во тоа време, ги повика пратениците на СНС да бидат смирени и да ѝ дозволат на опозицијата „да си го покаже своето лице“. Тој рече и дека опозициските парламентарци ѝ нанеле огромна штета на Србија со циркусот што го создале во парламентот.
„Од вас ќе ги браниме Косово и Србија“, им порача тој на оние што скандираа „предавство“ и „оставка“.
Ваквата атмосфера, на работ на инцидент, настана кога лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, го повика Собранието да го отфрли француско-германскиот предлог за Косово и по неговите обвинувања против владата за која рече дека сака да изврши предавство.
„Не се надеваа дека нема да го признаеме Косово во ОН, јас реков дека нема да дозволиме Косово да влезе во ОН. Тоа е единственото нешто на што се надеваат, да се разбереме, бидејќи тоа е единственото нешто што ги интересира. Ние покажавме дека сме подготвени да слушаме, а тие не се подготвени да слушаат“, изјави претседателот Вучиќ.
видео: TWITTER