More

    Спасовски со апел за смиреност до граѓаните пред утрешното чествување на 4 февруари

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска преку својот фејсбук-профил упати апел за смиреност до граѓаните во пресрет на утрешниот ден на кој се одбележуваат 151 година од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Тој им порача на граѓаните што ќе бидат присутни на утрешното чествување во црквата „Св. Спас“ да не подлегнуваат на евентуални провокации од кои било политички субјекти.

    -Упатувам апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев.
    Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!
    Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.
    Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого
    Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме.
    Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас.
    Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат.
    Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите.
    Ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат.
    Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции.
    Секој да овозможи чествувањето на 4 февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата.
    Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата, напиша Спасовски на ФБ.

    извор: ФБ Оливер Спасовски

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    13.8 ° C
    13.8 °
    13.8 °
    58 %
    1kmh
    0 %
    Mon
    14 °
    Tue
    16 °
    Wed
    17 °
    Thu
    18 °
    Fri
    20 °
    spot_imgspot_img